Се роди принцезата на Англија: Кејт и Вилијам родители по вторпат
- Детали
- сабота, 02 мај 2015
Денес, на 2. мај во 9 часот и 30 минути наутро, се роди малата принцеза на Англија, сестра на принцот Џорџ и второ дете на Кејт и Вилијам.
Бебето со тежина од 3 kg и 700g се роди во болницата St. Mary, каде што беше роден и нејзиниот брат, принцот Џорџ.
Војводката Кејт Мидлтон и малата принцеза се во добра здравствена состојба. Денес тие се главна вест во сите медиуми во Англија.
Принцот Вилијам и малиот принц Џорџ веќе ги посетија во болницата, а она што следно се очекува е што поскоро да се одлучат и за нејзиното име.
Во игра се Елизабета, Викторија и Алис, но не е исклучена ниту можноста за да го наследи името од нејзината покојна баба Дијана.