Анџелина Џоли веќе не може да има деца: Ги извади јајниците за да го спречи ракот
- Детали
- вторник, 24 март 2015
По направената двојна масектомија, холивудската глумица Анџелина Џоли се изложи на уште една операција, која е многу подрастична.
Овој пат ги извади јајниците и влезе во предвремена менопауза. Но, тоа не го прави за да ги полни медиумите со вести, туку од превентивни причини.
Според последните испитувања и проверки, резултатите покажале критично зголемена опасност за мутација на гените и можност за заболување од рак на јајниците, како нејзината мајка која почина на 59 години од истата болест.
Токму од тие причини, за да ја отстрани загриженоста и секоја можност за прерано да го изгуби животот, свесно и своеволно, одлучи веднаш да ја направи операцијата.
По операцијата се чувствува добро и сè уште женствено, без разлика што веќе никогаш нема да може да раѓа, но барем е мирна и среќна што ќе може да ги гледа своите 6 деца додека растат.