Трајче Ѓeоргиев на концертот на Тони Цетински ја крена цела „Сава центар“ на нозе! (видео)
- Детали
- недела, 15 март 2015
По Даниел Кајмакоски, уште една македонска ѕвезда го освојува Балканот. Малиот Трајче Ѓоргиев со секое појавување во шоуто „Пинкови ѕвездички“ го воодушевува жирито, публиката во салата и пред малите екрани.
На последниот настап од петтиот круг, додека пееше на шпански, по којзнае кој пат, некои членови на жирито со насолзени очи станаа и му се поклонија.
Но, она што е уште позначајно за него е најпрво поканата која ја доби од неговиот омилен балкански пејач, Тони Цетински за да пеат заедно на неговиот концерт, а потоа и настапот кој ги воодушеви сите.
Со посебна најава за малиот Трајче со огромен талент, Тони уште еднаш ја искажа својата наклонетост и поддршка кон него, поканувајќи го на сцената за да ја отпеат во дует познатата „Od milijun zena“.
Трајче го пееше само рефренот, а публиката пееше со него во еден глас. Овации, аплаузи и врисоци доби од сите присутни кои станаа и му се воодушевуваа.
Сепак, се очекува и заслужува Трајче да биде уште една блескава ѕвезда на нашето музичко небо.
Погледнете го неговиот настап на концертот на Тони Цетински: