Провокативна, но со стил: Жената на која падна рускиот милијардер (фото)
- Детали
- среда, 11 март 2015
Дарија Даша Жукова можеби не ви значи ништо, барем додека не дознаете дека таа е сопругата на рускиот милијардер Роман Абрамович.
Многумина не се упатени во биографијата на 34-годишната бринета, па мислат дека главна причина за бракот со Роман се парите. Ако и вие сте едни од нив, грешите.
Парите никогаш не биле проблем за Даша. Таа е ќерка единка на рускиот олигарх Александр Радкин Жуков, израсната со златна лажичка во уста. Љубовта кон образованието пак, ја наследила од мајка си, Јелена Жукова, која е познат руски научник и стручњак за микробиологија.
Дарија го следела примерот на својата мајка и дипломирала со највисоки оцени на Универзитет во Калифорнија.
Во 2005-та година го запознала Роман Абрамович, а до неодамна сите беa убедени дека таа е „само негова девојка“.
Тој статус се промени откако во едно интервју минатата година Даша откри дека таа и рускиот милијардер тајно се венчале пред 6 години.
Заедно имаат две деца, син и ќерка, додека Роман има 5 деца од минатиот брак.
Дарија има чиста 10-ка за стилот и префинетоста. Таа докажува дека нулите на сметката и вкусот понекогаш одат заедно.