Холивудски ѕвезди кои го покажале својот талент и во филмовите за возрасни
- Детали
- понеделник, 09 март 2015
Иако имаат остварено големи и значајни улоги на филмското платно, по кои се препознатливи, сепак, во нивната биографија се забележуваат и некои улоги во филмовите за возрасни.
За некои од нив веројатно никогаш не би рекле дека е можно да бидат дел од таквите филмови:
Адам Вест
Познат е по улогата на Бетмен во серијата која била популарна кон крајот на шеесеттите. Десетина години по завршувањето на снимањето нови епизоди, Вест не можел да пронајде подобра улога во холивудски филм, па се обидел во порнографската индустријата.
Нема снимено ништо претерано експлицитно, но, веројатно, токму овие филмови му ја отвориле вратата кон шоубизнисот и продолжување на актерската кариера. Дел е од неколку скечеви, а има и една помала улога во анимираната серија „Family Guy“.
Том Сајзмор
Прво се докажал со успешна актерска кариера, но по проблемите со зависностите веќе никогаш не успеал да се врати на старата патека на славата.
Бил дел од разни скандали, а во 2004 година решил да се испроба во снимање, но и глумење во порно филмовите за чие гледање добро наплатувал. Сепак, ниту тој бизнис не му успеал.
Силвестер Сталоне
За разлика од претходните кои прво имале значајни улоги, па се впуштиле во порнографската индустрија, кај Силвестер Сталоне е поинаку. Тој ја прифатил улогата во порно филмот „The party at kitty and stud`s“ за да добие хонорар од 200 долари, бидејќи бил сиромашен, немал ниту каде да спие ниту што да јаде.
Подоцна ги остварува улогите на Роки, од кои заработува милиони и нема потреба да снима евтини порно филмови.
Џеки Чен
Според улогите од кои го знаеме, тој е препознатлив како олицетворение на мудрост, смиреност и врвен познавач на боречките вештини. Но, пред да стане актерска ѕвезда, прифатил и улога во комедијата за возрасни „All in the family“.