Големото срце на Адам Левин: Изненадување за најмладиот фан со Даунов синдром
- Детали
- среда, 04 март 2015
Кристофер Варнер е 10-годишно момче со Даунов синдром и е еден од најголемите фанови на фронтменот на бендот Maroon 5, Адам Левин.
Секојдневно ја слуша нивната музика, ги гледа нивните спотови и ги знае сите важни информации. Често сака да го имитира Адам и да пее како него.
Заедно со неговиот брат близнак и со помош на мајка му и учителките во специјалното училиште снимиле видео кое почнало вирално да се шири.
Така стигнало до водителот на една радиостаница во Вашингтон, каде за неколку дена Maroon 5 имале концерт, па решил да воспостават контакт со бендот и да им го покаже видеото од нивниот фан.
Воодушевени од тоа што го виделе, веднаш обезбедиле специјални ВИП влезници за него, мајката и учителките, посебен третман и пристап зад сцената.
Малиот Кристофер толку бил возбуден што не можел цела вечер да заспие. Но, по концертот кога Адам му се приближил да се запознае, веројатно од паника, радост и неверување се засрамил и се повлекол, се скрил зад мајка си, па легнал на подот.
Адам Левин се потрудил да му се приближи највнимателно, па и тој легнал на подот до него. Истото го направиле и останатите членови на бендот. Така нашле најдобар начин за да направат заедничка фотографија која на сите ќе им остане како спомен.
Сите биле многу пријатно изненадени од тоа како нивната музика позитивно влијае на децата со Даунов синдром, но знаеле и на вистински начин тоа да го испочитуваат.
Christopher was so overwhelmed he had a panic attack so @adamlevine @maroon5 @internjohnradio laid down to take a pic pic.twitter.com/lGP5SIeZNX
— Kane (@Kaneshow) March 3, 2015