По што ќе се разликува новата сезона на Х-фактор од минатата?
- Детали
- вторник, 03 март 2015
За разлика од лани, кога постојано имаше некои препирања и несогласувања меѓу некои од членовите на жирито, оваа година ситуацијата изгледа подобро.
Сите членови на жирито засега добро се сложуваат, нема негативни влијанија и често знаат да се дружат и по снимањето.
Сепак, скоро сите членови се долги години на музичката сцена и се почитуваат меѓусебно. По снимањата на емисиите често се забележани дека одат заедно на кафе или ручек.
Покрај меѓусебната поддршка, како што на кандидатите им е потребна поддршка од најблиските, истото им е неопходно и на членовите на жирито, со оглед на тоа што најголем дел од деновите поминуваат таму. Затоа дел од присутните се и нивните сопружници.
Оваа сезона шоуто има вистински регионален карактер со оглед на тоа што ќе се пренесува во 5 земји и се очекуваат многу новитети со преземањето на шоуто од страна на продуцентската куќа Connect Live Media.
Остануваат уште 20 дена до почетокот на шоуто.