Никол Шерцингер во Венеција бега од Луис Хамилтон
- Детали
- понеделник, 02 март 2015
Откако по четврти пат ја раскинаа седумгодишната врска, атрактивната пејачка и возачот на Формула 1 решија дека треба да ги прекинат сите контакти за да можат да се соочат со реалноста.
За тоа дека не им e лесно и на двајцата , воопшто не кријат и кажуваат дека тоа била најтешката одлука која ја донеле. Сепак, различните сфаќања за бракот и понатамошниот живот, особено тоа што Хамилтон не помислува сега да се ожени, ја натера Никол да стави дефинитивен крај.
Додека тој им се заблагодарува на фановите за поддршката во овој тежок период, Никол се предава на работата, настапите, но и патувањата.
Очигледно е дека ѝ е потребно нешто сосема поинакво, ново и подалечно за да си ги оттргне мислите.
Викендов, таа заедно со неколку пријателки беше во посета на Венеција, а според фотографиите кои ги објави на нејзиниот Инстаграм профил, може да се забележи дека навистина уживала и се забавувала.