Никол Шерцингер по четврти пат го откачи Хамилтон: Тој не сака брак, таа инсистира!
- Детали
- среда, 04 февруари 2015
По седумгодишна врска се чини дека ова навистина е крај на љубовната романса меѓу згодната пејачка од Пусикет Долс и возачот на Формула 1, Луис Хамилтон.
Досега често пати се случуваше да се разделени и да раскинуваат, најчесто поради далечината и разделеноста, сепак не издржуваа многу долго еден без друг.
Но, она што секогаш тлеело како проблем е бракот кој Никол толку многу го посакува, а Хамилтон не ни размислува за таков следен чекор.
Тој многу пати изјавил дека ја обожава својата девојка, дека е вредна и инспиративна жена во која е вљубен, но не размислува сè уште за брак.
Бидејќи тоа ѝ е од големо значење на Никол, реши да го шутне по четврти пат.
Последен пат во јавност се видени пред два месеца, а одамна немаат објавено ниту заедничка фотографија.
Дали ова е дефинитивен крај или само уште една пауза, веројатно зависи од одлуката на Хамилтон, конечно да ја побара за жена.