Славни, богати и убави, а сепак изневерени: Ѕвезди кои немаат среќа во љубовта
- Детали
- петок, 27 февруари 2015
Тоа што се убави, славни и богати не им е доволна гаранција дека некој ќе ги сака постојано. И тие доживуваат подеми и падови во љубовта како секој обичен човек. Дополнително незгоден момент кај нив е тоа што сè што им се случува во приватноста е топ тема во јавноста.
Меѓу оние кои имаат проблеми во љубовта се едни од најпознатите:
Ева Лонгорија
Во 2007 година, кога Ева се омажи за NBA кошаркарот, Тони Паркер, изгледаа како среќен пар. Постојано беа заедно, таа го следеше на секој натпревар. Дури и сите свои обврски ги распоредуваше согласно неговото време. Но, иако мислела дека сè е совршено, еден ден му нашла интимни пораки кои ги испраќал до сопругата на еден негов колега.
- Постојано се прашував дали сум доволно секси, убава и паметна. Но, не препорачувам тоа да го правите, бидејќи лесно може да се најдете во кругот на немоќта. – изјавила глумицата.
Џенифер Анистон
Колку и да звучи необично, ретко кој го осуди Бред Пит за тоа што Џенифер Анистон ја замени со Анџелина Џоли. Дури и самата Анистон брзо му прости и за него имаше само најпофални зборови, изјавувајќи дека врската со него ѝ помогнала да се засака себеси, додека за него тоа било само трчање низ животот.
Елизабет Харли
Убавата британска манекенка и глумица Елизабет Харли долго време се забавуваше со познатиот актер Хју Грант. Но, после 8 години врска, веројатно не му била доволна само таа, па ја потресе јавноста со скандалот дека е фатен од страна на полицијата во кревет со проститутката Дивајн Браун. Кога ја повикале Елизабет во полиција за да ѝ соопштат, останала шокирана.
Сепак, и таа брзо му простила и се појавила со него на премиерата во кој глуми тој. По овој скандал се забавувале уште 5 години.
Дениз Ричардс
Дури и по 10 години од нивниот развод на никој не му е јасно, како убавата Дениз заврши во брак со проблематичниот Чарли Шин. Иако имаа многу проблеми Дениз беше таа која се трудеше да ги надминат сите препреки. Но, кога го фатила на плажа во прегратка со друга жена, тоа ја прелило чашата и побарала развод.
Хали Бери
Ниту Хали Бери не е поштедена од љубовните афери. Таа беше 4 години во брак со пејачот Ерик Бенет, кој самиот признаваше дека многу пати ја изневерил. Имаа многу проблеми во меѓусебниот однос, но неговата опсесија за секс со други жени била една од најголемите.
Ријана
Сите знаат за скандалот кога поранешното момче на Ријана, Крис Браун ја претепа, откако таа откри дека ја изневерува со манекенката Тина Дејвис. Тоа беше еден од најозборуваните скандали и за среќа, таа никогаш не му прости.