Џони Деп ќе прави свадба на неговиот приватен остров
- Детали
- вторник, 03 февруари 2015
Се појавуваат разни шпекулации дека ќе има или ќе нема свадба, но според деталите кои се дознаваат Џони Деп и Aмбер Хард ќе се венчаат следниот викенд со интимна церемонија на неговиот приватен остров на Бахамите.
Невестата најверојатно ќе носи венчаница со потписот на Стела МекКартни.
Островот на Џони Деп има 5 плажи од кои две се именувани според неговите деца Лил Роуз и Џек, а една е посветена на неговата претходна партнерка, француската пејачка и актерка Ванеса Парадис. Останатите две плажи се именувани Гонзо и Брандо.
Сместувањето е ограничено, па гостите кои ќе бидат поканети ќе мора да се распоредени во јахти.
Претходно тој имаше еден брак со Лори Ан Алисон и беше уште трипати верен со актерките Џенифер Греј, Шерлин Фен и Виона Рајдер.