Кети Пери на Super Bowl: Jаваше лав, танцуваше со ајкули и ја донесе Миси Елиот на сцена
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2015
Викендов се случи долгооочекуваниот и најгледаниот спортски настан во Америка, Super Bowl на кој се натпреваруваа екипите на Patriots и Seahawks, а заврши со резултат 28:24.
Но, тоа не беше ниту најзначајното, ниту најинтересното, бидејќи на овој настан сите го чекаат полувремето за да ги видат најскапите реклами и најспектакуларниот музички настап.
Оваа година на сцената буквално владееше Кети Пери и успеа комплетно да го окупира вниманието на сите.
Најпрво излезе облечена во тесно кратко фустанче со дезени на пламени јазици јавајќи огромен лав додека ја изведуваше песната „Roar“, а подоцна и одличниот дует со легендарниот Лени Кравиц. Со него ја изведоа нејзината песна „I kissed a girl“ во рок фазон.
Потоа сцената се претвори во плажа на која танцуваа ајкули и палми, а таа облечена во летно шарено фустанче ја изведуваше „Califorinia girls“.
Огромно изненадување беше настапот со Миси Елиот и изведувањето на нејзините хитови.
На крај, целиот настап го заврши со хитот „Fireworks“ облечена во долга светкава тоалета и качена на импровизирана ѕвезда што паѓа.
Досега биле видени најразлични фантастични настапи на Џастин и Џенет Џексон, Бијонсе, Бруно Марс и многу други, но она што го направи Кети Пери е вистински спектакл.
Погледнете дел од атмосферата:
Целиот настап погледнете го во продолжение: