Бијонсе, Ким Кардашијан и Линдзи Лохан со лош Фотошоп до потенок струк
- Детали
- вторник, 27 јануари 2015
Ако мислевте дека Фотошоп се користи само во магазините за насловните страници, треба да знаете дека истото го прават и познатите на своите мобилни телефони.
Нивните селфи фотографии не се толку совршени како што изгледаат. Меѓу едни од најпознатите кај кои позирањето и фотографирањето е нешто повеќе од забава, па сакаат секоја слика да jа доведат до совршенство се и Бијносе, Ким Кардашијан и Линдзи Лохан.
Кај Линдзи Лохан која објави селфи од бањата на Твитер за да се пофали дека има нова долна облека на Келвин Клајн, очигледно е дека употребила Фотошоп за да го израмни стомакот. Но не забележала дека додека го коригирала вишокот на стомакот, го опфатила и првото шишенце шампон, па за разлика од останатите, тоа иако стои до нив има поинаков агол.
Погледнете ја споредбата:
Бијонсе која наводно важи за една од најзгодните девојки со облини, очигледно не е толку горда на своите бутови. Се забележува очигледна разлика во обемот на нејзините нозе, односно бутовите кога се фотографира сама и користи Фотошоп и кога ја фотографираат други за време на концертите каде доаѓаат до израз нејзините облини.
Погледнете ја споредбата:
Според некои од фановите, со оглед на тоа колку пари има подобро е да плати некој за да ѝ ги среди сликите како што треба и без очигледни грешки, како закривувањето на завесата при стеснување на струкот.
Тука не заостанува ниту Ким Кардашијан која честопати знае и да претера со Фотошоп па да биде очигледна разликата или во обемот на струкот или бутовите и задникот.
Погледнете ги споредбите:
Веројатно подобро е оваа работа да им ја остават на професионалци.