Крај за Ана Михајловски во X Фактор! Кој ќе ја замени во втората сезона?
- Детали
- вторник, 13 јануари 2015
Новата сезона на „Х-фактор Адриа“ ќе ја водат српскиот водител Иван Ивановиќ и хрватската водителка Антонија Блаќе.
За разлика од минатата сезона околу која имаше разни шпекулации и скандали за водителите, се менуваа, па се враќаа, оваа година, веќе однапред се знаат за сигурно кои ќе бидат дел од ова музичко шоу.
Ана Михајловски била разочарана од одлуката што нема да ја гледаме и во оваа сезона, со оглед на тоа што смета дека одлично си ја завршила работата во претходната сезона.
Членовите на жирито сè уште не се комплетирани, иако имаше шпекулации дека на местото на Емина Јаховиќ, овојпат ќе ја гледаме Северина.
Новата сезона на „Х-фактор Адриа“, започнува во март.