На пролет нова сезона на „Х-Фактор Адриа“ - Северина во жири

Во новата сезона и со нова продукциска екипа, најпопуларното шоу на планетата „ Х-Фактор “ наскоро ќе започне со аудиции.

na-prolet-nova-sezona-na-x-factor-adria-severina-vo-ziri-01.jpg

Новост во оваа сезона е дека шоуто навистина станува регионално со оглед на тоа што ќе се емитува во пет земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од оваа сезона и во Хрватска.

Проектот ќе биде реализиран во соработка со продуцентската куќа "ЦЛМ", кој ја има лиценцата за овој ТВ формат, а во Македонија Сител ТВ ќе биде дел од продукцијата.

Подготовките за аудициите се во полн ек, а скоро 19 милион луѓе од регионот ги очекува една фантастична и возбудлива музичка авантура, во која најголемите таленти ќе се борат за престижни награди и квалитетен почеток на кариерата.

Со оглед на регионалниот карактер, шоуто ќе донесе и многу изненадувања. Едно од нив изгледа ќе биде и Северина во улога на жири.

na-prolet-nova-sezona-na-x-factor-adria-severina-vo-ziri-1.jpg

Се шпекулира дека во втората сезона на регионалниот „Х-Фактор“ Северина ќе биде помеѓу судиите.

Од минатогодишните ментори и судии Жељко Јоксимовиќ, Кристина Ковач, Емина Јаховиќ и Кики Лесендриќ ниту еден нема да ја продолжи својата улога.

Сите кои сакаат  можат да се пријават преку испраќање на СМС порака со текст: X2 (празно место) ваше име и презиме на бројот 14722. Цената на една порака е 5,9 денари со вклучен ДДВ.

Можете да се пријавите и преку Facebook страницата.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg