Заради оваа фотографија од ќерката на Обама започната е истрага
- Детали
- понеделник, 12 јануари 2015
Фотографијата од 16-годишната Малиа Обама, постарата ќерка на Барак Обама, заврши на еден Инстаграм профил и заради тоа е започната истрага.
Ќерките на претседателот на САД растат пред строгите очи на јавноста, а неодамна беа критикувани затоа што биле несоодветно облечени за Денот на благодарноста.
Сега ситуацијата изгледа е нешто посериозна.
16-годишната Малиа заврши на Инстаграм профилот на хип хоп групата Про Ера.
Иако автентичноста на фотографијата не е потврдена, Белата куќа најави дека детално ќе го истражи случајот.
Членот на Про Ера изјавил дека до фотографијата дошле преку заеднички пријател, но ниту една информација до сега не е потврдена.