Бане Мојиќевиќ како Мајкл Џексон победи во финалето на ТЛЗП
- Детали
- понеделник, 29 декември 2014
Речиси во секоја емисија важеше за фаворит со оглед на неверојатните трансформации кои ги имаше како Џастин Тимберлејк, Дино Мерлин, Џејмс од Металика, Аца Лукас и други.
Но, со емотивниот настап и имитацијата на Мајкл Џексон, ги освои и публиката и жирито.
Во суперфиналето останаа само тој и нашата Елена Ристеска, но, сепак заслужено победи.
Како награда доби 25.000 евра од продукцијата на шоуто и 3000 евра од емисијата „Вечер со Иван Иваничевиќ“, кои ќе ги донира во добротворни цели за помош на болните деца во Србија.
Освен оваа сума пари, во хуманитарни цели ќе одат и сите собрани средства од смс пораките за гласање.
На второто место е Елена Ристеска, на трето Катарина Богичевиќ, четврта е Јелена Гавриловиќ, а петти е Ненад Окановиќ.
Погледнете го неговиот настап: