Елена Ристеска како Бијонсе: Бујното деколте и секси танцот ѝ обезбедија 2-ро место
- Детали
- понеделник, 29 декември 2014
Своето учество во „Твоето лице звучи познато“, Елена го заокружи со одличен настап во финалето. Преправена како Бијосе успеа целосно да ја долови во вистинско светло на најдобар можен начин.
Секое движење, секој чекор од кореографијата го изведе професионално. Притоа покажа и одлични гласовни можности, со оглед на тоа што истовремено и пееше и танцуваше.
Како да настапува на вистински концерт во улога на светска поп дива, Елена блесна на сцената.
Сето тоа беше забележано и од публиката која неколку пати ја поддржуваше со аплауз, а исто така и од членовите на жирито. Сите имаа најпофални зборови и честитки.
Одличното нејзино издание се потврди и со гласањето, кога и по три круга, отпаѓање, таа беше сигурна до самиот крај и успеа да влезе во суперфиналето заедно со Бане Мојиќевиќ.
На крајот, победи Банe, а Елена сепак заврши како втора, но покажа како достојно се претставува Македонија.
Погледнете го нејзиниот настап: