10 Најубави Италијанки во историјата на модата и филмот
- Детали
- четврток, 25 декември 2014
Италијанките отсекогаш важат за едни од најубавите жени во светот. Тие имаат посебна убавина, грациозност и шарм.
Бујните коси, крупните очи и атрактивните облини се нивен заштитен знак. Тие се посебна медитеранска убавина.
Едни од најубавите глумици и манекенки се токму од Италија. Тоа се потврдило многу пати низ историјата.
Меѓу многуте Италијанки се издвојуваат најубавите:
1. Софија Лорен
Таа е најпозната италијанска глумица која има незаборавна улога како принцезата Олимпија во филмот „А breath of scandal“ и како прекрасната Мариса во „Ci troviamo in galleria“ или како Инес во „Domenica della buona gente, La“.
2. Марија Луиза Чечарели
Попозната е како Моника Вити, а таа е една од најпознатите русокоси во италијанските филмови. Има актерска кариера од 35 години и значајни улоги во многу филмови.
3. Џина Лолобриџида
Израснала недалеку од Рим како упорно и тврдоглаво дете кое секогаш се труди да тера по свое. Позната е по филмовите „Bread, love and dreams“, „King, queen and joker “ и „Servantes“.
4. Карла Бруни
Поранешна манекенка и прва дама на Франција. Таа е една од најубавите жени во светот, според многу избори на магазини.
5. Изабела Роселини
Таа е ќерка на глумицата Ингрид Бергам и режисерот Роберто Роселини и вистински пример за префинетост. Едноставна и талентирана, успеа да се избори за место меѓу најубавите Италијанки.
Уште 5 прекрасни Италијанки на следната страница...