Како Џеј Ло заработува скоро 2 милиони долари за помалку од 1 час?
- Детали
- среда, 24 декември 2014
Ако сакате Џенифер Лопез да пее само за вас ќе треба да имате малку подлабок џеб или да сте сопственик на казино.
Не е тајна дека музичките ѕвезди најмногу заработуваат од распродадените концерти во полните сали и стадиони, но некои од нив заработуваат уште повеќе ако пеат за помал број луѓе или на приватни забави.
Еден сопственик на бројни казина во Макао одлучил своето семејство да го почести со приватен концерт на Џенифер Лопез.
За тоа задоволство кое траело 40 минути, овој бизнисмен морал да плати 1,75 милиони долари.
Покрај тоа, ги платил и дополнителните патни трошоци и сместувањето во луксузен хотел со 5 ѕвезди, каде морал да изнајми 20 соби за 3 дена за целата екипа.
Така Џеј Ло заработува скоро 2 милиони долари за еден час.