Згодно тело, секси нозе и циркони на уста: Елена како Џеси Џеј (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 24 ноември 2014
Со секоја следна емисија Елена само покажува и докажува за што сè е способна и дека може да работи на светско професионално ниво.
Во ултра краткото црно-бело фустанче до израз дојдоа нејзините витки нозе и згодно тело, а цирконите на усните само ја дополнија атрактивноста на нејзиниот изглед.
Гласовните способности кои ги покажа доловувајќи ја техниката на пеење како светската поп дива Џеси Џеј само ја потврдија нејзината оригиналност.
Заедно во комбинација со Катерина Богичевиќ како Ариана Гранде и Ненад Окановиќ како Ники Минаж имаа одличен настап со кој предизвикаа овации од публиката и одлични, позитивни коментари од жирито.
Во следната емисија Елена ќе биде во улога на нашта ромска кралица, Есма Реџепова.
Ова е Елена како Џеси Џеј:
Погледнете како изгледаше нејзиниот настап: