Деверуша и невеста: Бијонсе и Соланж во совршени бели креации (фото)
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2014
Вчера, на 16-ти ноември сестрата на планетарно популарната Бијонсе, Соланж, стапи во брак со своето долгогодишно момче, музичкиот продуцент Алан Фергусон.
Церемонијата се одржала во црква во Њу Орлеанс, каде присуствувале околу 100тина гости, помеѓу кои Бијонсе, Блу Ајви и Џеј Зи беа едни од најфотографираните.
Соланж одбра долга, едноставна бела венчаница која наликуваше на лежерна пелерина, потпишана од Humberto Leon за Kenzo.
Во текот на денот и вечерта промени неколку креации, односно венчаницата ја замени со комбинезони со длабоко деколте и лежерна наметка.
Деверушите, помеѓу кои беа Бијонсе и нејзината мајка Тина Ноулс, носеа исто така беспрекорно бели креации.
Церемонијата не се случуваше далеку од очите на јавноста, ниту пак беше посебно заштитена приватноста на гостите, па токму затоа првите фотографии се објавени само неколку часа подоцна.