Tоп 20 најзгодни нозе низ историјата на славните
- Детали
- четврток, 06 ноември 2014
Како што станува постудено, така се издолжуваат здолништата, сè почесто се облекуваат панталони или долги капути. Згодните нозе кои се сметаат како еден од напривлечните делови на женско тело малку поретко се гледаат.
Ако летно време е вообичаено да се носат кратките мини здолништа, фустанчиња и шорцеви, со доаѓањето на есента и зимата, малку потешко се одлучуваат девојките за да ги покажат нозете во полн сјај.
Сепак има и храбри девојки на кои не им пречи ниедна температура за да изгледаат модерно и секси.
Некои тоа го прават само за да привлечат внимание, а некои знаат да го покажат тоа со стил или како дел од нивната работа на славни личности.
За да изгледаат секси и привлечно нозете треба постојано да се негуваат и одржуваат со разни вежби за затегнување, да се премачкуваат со лосиони кои ја прават кожата мека и мазна.
Важно е и да се одбере соодветниот крој на здолништото кое ќе ги истакне на вистински начин.
Пред да направат температурите да заборавиме како изгледаат згодните нозе на дамите, може да се потсетиме на дел од славните со највитки нозе: