Роби Вилијамс доби син: Додека неговата сопруга се пораѓаше, тој ѝ пееше (видео)
- Детали
- вторник, 28 октомври 2014
Светски познатиот пејач Роби Вилијамс по вторпат стана татко, овој пат на син. Досега беше вљубен во својата ќерка Теодора Роуз, на која ѝ ја посвети песната „Go gentle“.
Но, овој пат, за синот изненади со нешто поинакво. Тој присуствувал во живо на породувањето на неговата сопруга Ајда Филд, а додека таа го раѓа нивниот син тој ѝ ја пее „Let it go“ и сето тоа го снима на видео кое веднаш го објави.
„Никогаш не сум бил позаљубен и погорд на мојата сопруга. Беше апсолутно неверојатна“. -зборува Роби во краткото видео во кое тој и Аида им се заблагодаруваат на сите кои биле покрај нив во нивниот најважен момент.
Породувањето беше во болница во Лос Анџелес, каде по 24 часовен престој, болки и обиди, вчера околу 10 часот изутрина се роди малото момче со 3.685 грама, за кое сè уште парот нема одредно име.