Елена Ристеска се збуни од згодните момци и ја згреши песната (видео)
- Детали
- понеделник, 27 октомври 2014
По третпат Елена воодушеви со својот настап и имитацијата на хрватската дива Нина Бадриќ во „Твоето лице звучи познато“. Со хитот „Takve kao ti“ ја разигра и сцената и публиката.
Со одличен стајлинг, доволно сексапилна и провокативна, и покрај малата грешка во песната не остави многу простор за негативни забелешки, туку призна дека ја збунија згодните момци околу неа.
Жирито повторно ја оцени со најпозитивни коментари, а таа докажа зошто се наоѓа меѓу избраните.
Според Слаѓана таа има совршен израз и вокал. За Иван беше одлична, згодна и убава, а Марија сметаше дека уште подобро би звучела ако пее рок.
Сите од жирито и водителите ѝ завидуваа за згодните момци кои ја придружуваа во кореографијата.
Овој пат доби по 5 поени и од неколку колеги, но, сепак не беа доволни за да се искачи погоре од шестото место.
Во следната емисија ќе ја имитира Кристина Агилера.
Погледнете го нејзиниот настап:
Како ви се допадна вам?