Една од најзгодните водителки го покажа голиот задник на Твитер
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2014
Една од најзгодните водителки во Велика Британија, Аманда Холден, одлучи да се придружи на светските трендови.
На својот Твитер профил објави провокативна фотографија со која сакаше да ги претстави своите гости во емисијата.
Водителката, позира свртена со грб, во долг виолетов фустан, кој е откопчан доволно за да ѝ се види голиот задник.
Над фотографијата напиша: „Можете ли да погодите со кого имав интервју денес?“
За кратко, објави нова фотографија како одговор, на која е фотографирана со Лејди Гага и Тони Бенет како гости за да го промовираат заедничкиот албум „Cheek to cheek“ (Образ до образ). Со тоа станува јасна симболиката на претходната слика што ја објавила Аманда како најава.
Оригинална, но и провокативна, успеа за момент да ја разбранува јавноста.