Елена Ристеска со секси деколте и змија околу врат во „Твоето лице звучи познато“ (фото + видео)
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2014
Во втората емисија на реалното шоу „Твоето лице звучи познато“, нашата Елена Ристеска настапи прва и ја имитираше Бритни Спирс изведувајќи го хитот „I’m a slave for you“.
Со одлична кореографија, придружена од многу танчари, ја донесе џунглата на сцена.
На сите им покажа што е професионалност и храброст, кога на сцената ѝ се придружи вистинска змија-питон, тешка околу 15 килограми, која ја стави околу врат и заигра со неа.
Сите останаа импресионирани и воодушевени од нејзиниот настап.
Пее, танцува, имитира и ги прифаќа сите предизвици па затоа ја доби целата поддршка и од жирито и од публиката.
Според гласовите на жирито беше на второто место, но бидејќи од ниеден натпреварувач не доби 5 гласа, падна на шестото место. Победничка беше малата Катарина Богичевиќ која ја имитираше Витни Хјустон.
Во следната емисија ќе ја видиме во улога на хрватската дива Нина Бадриќ.
Погледнете како изгледаше нејзиниот настап на сцената:
Ова се дел од фотографиите: