Најпосакуваните природни гради во Холивуд
- Детали
- среда, 15 октомври 2014
Пластичните операции и корекции се секојдневие во светот на холивудските ѕвезди, па можеби токму затоа вреди да се издвојат бујните, а природни деколтеа.
Дел од ѕвездите се среќни што се родени со големи и прекрасни гради, па естетската помош никогаш не им била потребна.
Токму ова се топ 5-те најпосакувани природни деколтеа во светот на шоу бизнисот:
Кети Пери - Прекрасната пејачка обожава фустани со длабоко деколте и интересни пресеци во пределот на градите, затоа што е горда на своите природни облини.
Мариса Милер - Американската манекенка и актерка која се прослави во магазинот Sports Illustrated исто така може да се пофали со големи и потполно природни гради. Не е ни чудо што е најпосакуваниот бикини модел во светот.
Ким Кардашијан - И покрај тоа што сите тврдат дека сè на неа е вештачко, градите на Ким дефинитивно се природна убавина. Во комбинација со широките колкови и тесниот струк, нејзината фигура има облик на идеален песочен часовник.
Скарлет Јохансон - Веќе со години се наоѓа на врвот на листата за најсексапилни жени, а тука ја сместува нејзиното деколте кое важи за најпосакувано.
Кели Брук - Жената која се прослави благодарение на своите фантастични облини. Изминатиов период сите ја критикуваат заради накачените килограми, но Кели и понатаму изјавува дека никогаш не била позадоволна од своето тело и облини.