Скарлет Јохансон со фит тело само 5 недели по породувањето
- Детали
- петок, 10 октомври 2014
Само 5 недели откако ја роди ќерката Роуз, Скарлет веќе го покажа своето фит тело. Стегната во тесни црни тренерки изгледа одлично, дури и без шминка и гламурозни тоалети.
Очигледно е дека многу брзо по породувањето почнала да вежба и да се грижи за своето тело.
Млада е, има само 29 години, но веројатно добро се потрудила со секојдневни вежби и тренинзи за да ја врати формата и тонираните мускули.
Дополнителен мотив и поддршка добива и од својот сопруг, францускиот новинар, Роман Дауријак, кој постојано е околу неа.
Таа изјавува дека одлично се согласуваат и си ги комбинираат обврските за да можат да постигнат сè и да бидат заедно со својата прва ќерка.