Кели Роланд бремена и гола за „Elle“ (фото)
- Детали
- вторник, 07 октомври 2014
Една од членките на групата „Desteny’s Child“, згодната Кели Роланд е во поодминати месеци на својата бременост, но тоа не ѝ пречи за да позира гола пред објективот на магазинот „Elle“.
Во интервјуто таа изјавува дека е многу интересно необично да гледаш како секојдневно ти се менува телото, но се чувствува одлично.
Со Бијонсе се во одлични односи, па има со кого да се советува за сè што ѝ се случува сега и што ќе ѝ се случува по раѓањето на бебето.
Обожава да јаде пита од цреши, чоколаден сладолед и путер од кикирики, а во некои недели од бременоста е опседната и со начос.
За фотосесијата воопшто не се двоумела, ниту се срамела, како што тоа го прават повеќето мајки, туку напротив, смета дека е одлична можност да го овековечи најубавиот период со професионални фотографии.
Погледнете дел од нив: