Ослабела 30 килограми, 4 месеци по породувањето (фото)
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2014
На мајките им е дозволено мало опуштање по породувањето, без да се грижат за вишокот килограми. Но, не и на славните жени кои штотуку родиле.
Сијара е уште еден вистински пример за упорност и експресно враќање на витката линија, само 4 месеци по породувањето.
- По раѓањето на мојот син како да не постои нешто што не можам да направам. Се чувствувам како да можам да го освојам целиот свет. Толку сум горда што можам да ја носам оваа Келвин Клајн долна облека, со 30 килограми помалку, напиша Сијара на својот Инстаграм.
Таа пред 4 месеци роди синче кое го крсти Future. Набрзо по породувањето ја прекина врската со вереникот, но тој емотивен пораз изгледа ја издигна уште повисоко.