Како се менуваше „озборувачката“ Лејтон Местер низ годините (фото)
- Детали
- четврток, 02 октомври 2014
Таа е една од ѕвездите кои кога и да се појават на црвениот килим го привлекуваат вниманието. Секогаш знае да биде различна и своја.
Без разлика дали носи кратко или долго здолниште, тоалета или фармерки, дали е русокоса или бринета, девојките често се огледуваат на неа.
Уште откако беше една од главните ѕвезди на популарната тинејџерска серија „Gossip Girl“, Лејтон стана идол на многу девојки.
Не обожава да е премногу гламурозна и повеќе го преферира класичниот стил, и на црвениот килим и надвор од него.
Но, онаму каде што е потребно знае соодветно да изненади и со некоја вечерна тоалета, повторно во нејзин стил кој не наликува на останатите.
Погледнете ги сите нејзини трансформации низ годините: