Кејт Мидлтон носи две принцези во стомакот
- Детали
- вторник, 30 септември 2014
Војвотката од Кембриџ најверојатно носи близначки кои треба да се викаат Дaјана и Елизабета.
Повикувајќи се на добропознати извори, британските портали ја пренесоа веста дека доколку Кејт и Вилијам добијат девојче ќе биде крстено по принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз, во 1997 година.
Доколку парот навистина добие близначки, на што најмногу укажуваат симптомите и специфичните мачнини кои ги има Кејт, едната ќе се вика Дaјана, а другата Елизабета, како нејзината прабаба и сегашна британска кралица.
На тој начин би ја задоволиле и кралицата која не беше многу среќна при соопштувањето дека ако има внука ќе се вика Дaјана.