Каде се и што прават денес ѕвездите на „Beverly Hills“?
Тори Спелинг (Дона Мартин)
Тори ја глумеше „онаа наивната“, но успеа најдолго да остане во серијата. Пред сè заради нејзиниот татко Арон Спелинг, кој беше еден од главните продуценти на серијата.
Нејзините улоги по „Beverly Hills“ ретко кој ги памти, а нејзиното реално шоу „Тrue Tory“ и понатаму е омилена тема на тамошните таблоиди. Нејзината книга „Story Teling“ беше на врвот на листата бестселери во Америка.
По смртта на нејзиниот татко наследила дел од неговиот имот, вреден околу 500 милиони долари, но и покрај тоа често се пишува за нејзините финансиски проблеми.
Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер)
Во серијата беше кратко, само 3 сезони, но како најмлад член на екипата им остана во сеќавање на многу гледачи.
По „Beverly Hills“ се појави во многу серии, а некои го знаат како спореден лик во „Anger Management“, глумеше и во „Terminator: The Sarah Connor Chronicles“,„Desperate housewives“. Оние кои не му ја следат филмската кариера го знаат како сопруг на Меган Фокс.
Покрај тоа имал и кратка раперска кариера соработувајќи со членовите на Pharcydea.
Иан Зиринг (Стив Сендерс)
Во серијата се задржа во сите 10 сезони. Го играше шармантниот и малку проблематичен Стив. По серијата кариерата ја продолжи и на филм, а помладите генерации го знаат и како главен лик на хитовите „Sharkando“ и „Sharkando 2: The Second One“.
Педесетгодишникот неодамна заврши во медиумите, а како главна вест беше неговиот настап како стриптизер.
Габриел Картерис (Андреа Цукермен)
Ако Дона беше „онаа наивната“, Андреа беше „бубалицата“ што на сите им одеше на нерви. Во серијата го глуми ликот на најдобра пријателка на Брендон која има посебно силни чувства за него. Во четвртата сезона, Андреа останува трудно од човек кој едвај го познава, но се мажи за него.
Габриел по завршувањето на серијата се појавува и во многу други ТВ проекти, но со кратки епизодни улоги.
Магазинот „People“ во 2008 година пишуваше дека се разболела во текот на снимањето на еден филм во Ванкувер и дека лицето ѝ останало парализирано, а гласот го изгубила на 6 месеци. По оваа ситуација кратко се повлече од јавниот живот сè до минатата година кога оваа 53-годишна актерка се појавува во сериите „Longmire“ и „The Middle“.
Кој лик од оваа серија вам ви беше омилен?