Откриени се сите детали за венчавката на Џорџ Клуни и Амал Аламудин
- Детали
- четврток, 18 септември 2014
Прочуениот холивудски ерген Џорџ Клуни, навистина ќе застане на лудиот камен. Иако многумина се сомневаа дека познатиот актер конечно ќе се ожени, венчавката е веќе закажана во романтичната Венеција.
Отмената венчавка ќе има околу 60 гости, помеѓу кои ќе бидат Мет Дејмон со неговата сопруга, Ранде Гербер и неговата сопруга, манекенката Синди Крафорд. Се уште се очекува одговор од штотуку венчаните Анџелина и Бред.
Џорџ и Амал на 26-ти септември ќе имаат свечена вечера за сите гости во хотелот Чипријани, каде едно ноќевање чини околу 1150 евра.
Утредента, гостите и младенците ќе се упатат кон луксузниот хотел Аман, каде во 11 часот ќе се изврши целата церемонија. Овој хотел има 7 ѕвезди и соби со прекрасен поглед кон градот.
Старосватица ќе биде помладата сестра на Амал, додека Ранде Гербер се очекува да биде кум.
На приемот ќе се служи италијанска и либанска храна, а на гостите ќе им пее Андреа Бочели.
Интересно е што венчањето ќе го плати семејството на Амал, а не еден од најбогатите холивудски актери.
За пиење ќе се служи текила Касамигос, бренд кој го основа Ранде Гербер заедно со Џорџ Клуни.
Неодамна се откри и информација за венчаницата на Амал. Таа ќе биде креирана од модната куќа Александар Меквин.