Ѕвезди кои добро заработија од фотографиите на своите деца
- Детали
- понеделник, 15 септември 2014
Многу луѓе се фасцинирани од животот кој го водат познатите личности, па магазините и таблоидите секојдневно војуваат за да имаат што поексклузивни фотографии.
А токму ова се најскапо платените фотогорафии од децата на познатите, благодарение на кои истите добро заработија:
1. Халроу Винтер Мејден - 1 милион долари
People исплати точно 1 милион за првата фотографија од ќерката на Никол Ричи. Во 2008 година, Никол и Харлоу се најдоа на насловната страна во февруарскиот број.
2. Онор Мари Ворен - 1,5 милиони долари
Првите фотографии од ќерката на Џесика Алба се најдоа на насловната на магазинот ОК, само затоа што тој исплатил сумата од 1,5 милиони долари.
3. Пакс Тјен Џоли - Пит - 2 милиони
Бред Пит и Анџелина Џоли ги продадоа фотографиите од своето трето посвоено дете за цели 2 милиони долари, повторно на People магазин. Првата понуда била од магазинот Hello, но изгледа цената која ја понудиле била премала.
4. Леви Алвес Меконахи - 3 милиони
Магазинот ОК исплати неверојатни 3 милиони долари за првата фотографија на синот на Метју Меконахи, за парот да се појави на насловната страна за месец август.
5. Максимилијан и Ема - 6 милиони долари
Џенифер Лопез во 2008 година ги роди близначињата Макс и Ема, а само неколку дена подоцна, односно во март се појави на насловната на People, за која магазинот исплатил 6 милиони долари.
6. Нокс Леон и Вивијен Џоли - Пит - 14 милиони
Анџелина Џоли на 12 јули 2008 година роди близнаци во Франција, а првите фотографии беа премногу барани, па 2-та магазини Hello и People ги здружиле силите за да исплатат цели 14 милиони долари за нив.