Нов откачен тренд меѓу славните: Ноќници наместо фустани
- Детали
- петок, 12 септември 2014
Новиот чуден тренд кој се појави во Холивуд го претставија кои други, ако не дел од познатите ѕвезди. Од сета облека што ја имаат во последно време тие одбираат да се појавуваат во ноќници. Наместо со нив да спијат, тие се шетаат по улица или на некои настани, па дури и на црвениот тепих.
Прва меѓу сите е Ријана, која никогаш не мирува и секогаш е подготвена на промени.
Со оглед на тоа што вообичаено сме навикнати да ја гледаме како покажува сè воопшто не изненадува нејзиното разголено појавување во долга ноќница со деколте или во кратка проѕирна ноќница.
Ако од некого не се очекува ваква појава, тоа е Хајди Клум, жената која е предводничка на светската мода. Облечена во долга црна сатенска ноќница со бела тантела се шета низ Лос Анџелес.
Кети Пери, ја носи ноќницата на сосем друг начин. Во ретро стил со ретро фризура и накит, таа се појавила дури и на црвениот тепих.
Кристина Агилера сака да го истакнува својот сексапил, па се одлучила за секси комбинација, чие место е во спалната соба. Но, пејачката гордо се прошетала со минималната долна облека на неа, не обрнувајќи внимание на коментарите.
Ниту Линдзи Лохан не му одолеала на овој тренд. Секси сатенската црна наметка била повеќе од доволна за сите да се вртат по неа.
Една ваква листа не може да помине без Парис Хилтон. Облечена како штотуку да излегла од бањата, таа всушност се шета по улиците на Беверли Хилс и се упатува кон некоја дискотека.