Првата модна фотографија на ќерката на Ким и Канје
- Детали
- четврток, 14 август 2014
Малата Норт Вест не чека да порасне и не губи време за да стане популарна како нејзината мајка Ким. Веќе на 1-годишна возраст ја има својата прва модна фотографија за есенското издание на CR Fashion Book.
Изгледа слатко и неодоливо пред фотоапаратот на Мишел Аведон, а облечена е од страна на уредничката на CR Fashion Book и детски стилист, Карин Роитфелд.
Уште од мали нозе нејзин заштитен бренд е Chanel, што може да се забележи и по малата чанта која стои пред неа, а одраз на високиот стил се и дијаматските обетки на Лорин Шварц.
Ова не е нејзино прво појавување во модно списание бидејќи ја видовме во априлскиот Vogue, но заедно со нејзините родители, Ким Кардашијан и Канје Вест.
Оваа црно-бела фотографија е нејзина прва самостојна, која покажува дека уште од сега ќе влезе во светот на популарните.
До фотографијата стои одличен опис со цитат на Карл Лагерфелд: „Никогаш не е премногу рано да се грижиш за модата“.