Ким Кардашијан со Канjе Вест на насловната на “Вог”
- Детали
- четврток, 17 септември 2015
Канjе Вест успеа да ја смести својата идна сопруга на насловната на “Вог.”
Дискусијата дали таа воопшто треба да се најде на насловната страница на најпрестижното модно списание е завршена.
Тие двајцата ќе се појават на насловната на априлското издание, фотосесијата е направена од најпозната фотографка Ени Либовиц.
На насловната Ким носи бел невестински фустан, еден вид најава за свадбата која допрва следи.
За Ким насловната на Вог е исполнување на еден прекрасен сон, за чие остварување придонесе Канjе. Вест искрено веруваше во неа, тој во едно интервју изјави дека Ким е повлијателна во изборот на облека и од првата дама, Мишел Обама.
Покрај нив двајца на фотографиите во списанието ќе се појави и нивната девет месечна ќеркичка, Норт.