Австралиска водителка се пофали со тело како костур (фото)
- Детали
- вторник, 12 август 2014
Австралиската водителка Ребека Џад неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира во минијатурно бикини.
Меѓутоа, нејзините верни следбеници и фанови беа загрижени од она што го видоа - слабо, изгладнето тело и нездрав изглед.
Иако Ребека само сакала да се пофали со прекрасната боја на кожата, водителката се здобила со куп негативни критики.
Водителката под фотографијата се пофалила дека конечно пронашла одличен салон кој користи органски производи за самопотемнување.
- Органски е многу подобро, дури и да мајките и трудниците...
Меѓутоа, никој од нејзините 197.000 следбеници не обрна внимание на потемнетиот тен.
Ребека која има 31 година и две дечиња изгледа претерала со напорот кој го вложува за да го одржи телото во форма.