Славни паѓања: Кога познатите ќе го допрат дното
- Детали
- среда, 06 август 2014
Ако мислевте дека само вам ви се случува да одите по прав пат и да се сопнете или токму тогаш кога сте најдобро облечени да паднете пред некој познат, не сте во право. Тоа им се случува и на најпознатите за кои е уште посрамно, бидејќи веќе следниот ден може да се видат на насловните страници фотографирани од папараци.
Доволен е само момент на невнимание и може да се најдат на подот.
Линдзи Лохан минатиот месец заедно со своето момче била во Италија каде во една дискотека се скарала со своето обезбедување, па во целото препирање таа изгубила рамнотежа и паднала на подиумот.
Лејди Викторија Харви кон крајот на јули била една од гостите на „The Serpentine Gallery Summer Party“ во Лондон. На влезот во „Kensington Gardens“ се сплеткала и паднала. Сепак, кога е таа во прашање и паѓањата се проследени со голотија.
Лајла Флаерти, ѕвездата од „Очајни домаќинки“, мирно си го јадела својот омилен чизбургер, кога наеднаш паднала од столчето. Очигледно тоа бил спектакуларен пад.
Кети Пери сакајќи да ги покаже своите вештини во аква парк во Лос Анџелес, покажала и нешто повеќе.
Кара Делевињ излегувајќи од својот стан во Лондон се лизнала и паднала, но на тоа само се насмевнала.