Вака ќе изгледаат холивудските ѕвезди во староста
- Детали
- вторник, 05 август 2014
Убавината е минлива, а некои од најубавите ѕвезди на денешницата не се имуни на стареењето. Како овие ѕвезди ќе изгледаат за некоја деценија може само да претпоставуваме или со помош на дигиталната технологија, може и приближно точно да ги претставиме.
Мора да признаете дека Фотошоп е прилично блиску со замислата речиси за сите:
Подбрадок, неколку килограми плус и седа коса ја прават Кејти Холмс речиси непрепознатлива, но очите се оние кои ја издаваат.
Гламурозна и впечатлива дури и на стари години е Кристина Агилера. Секогаш дотерана, нашминкана и со совршена фризура и шминка. Единствено на брчките не може да им избега, но секако изгледа добро.
Со оглед на несредениот живот, Парис Хилтон се очекува брзо да остари, но да го задржи нејзиниот стил. Еднакво кич и блесава и во староста е она по што повторно ќе биде препознатлива, а годините ќе си го направат своето.
Антониоо Бандерас е уште еден од мажите кој потврдува дека како стареат,така се попривлечни. Дури и со брчки и побелени веѓи и коса, тој е заводник на своето време со шарм на кој не може да му се одолее.
Споредбата е очигледна и потврдува дека таа ќе остане најприродна од сите. Освен брчките кои си го прават своето, Анџелина Џоли е речиси иста.
Гвинет Палтроу ионака е слаба, но со нередовната и неправилна исхрана, изгладнувањето и сите третмани, таа сепак, ќе изгледа можеби и постаро од тоа што е. Со опуштени гради, кожа, брчки и седа коса, воопшто нема да биде привлечна.
Како манекенка која се грижи за својот изглед и својата исхрана, очекувано е дека Хајди Клум дури и со брчки ќе остане убава, секогаш средена по последен тренд и впечатлива.