Шерил Кол во црна венчаница на својата свадба (фото)
- Детали
- среда, 23 јули 2014
Откако тајно се венчаа на 7 јули на карипскиот остров Мистик, пејачката Шерил Кол (31) и францускиот бизнисмен Жан-Бернард Фернандез Версини (33), решиле уште еднаш да го прослават бракот во Лондон.
Приредиле забава со црно-бел дрес код, на која биле поканети над 50 гости, меѓу кои семејствата и пријателите, како и дел од славните личности со кои комуницира Шерил.
Девојките од нејзината група Girls Aloud, како и некои од колегите во „Х-фактор“, каде таа е дел од жирито биле едни од најзабележителните ликови на забавата.
Целата прослава се одржала во приватниот клуб „The Library“.
Прекрасната Шерил, која зад себе го има првиот брак со фудбалерот Ешли Кол, била облечена во креација на модната куќа Ralph&Russo со црн корсет и долго проѕирно здолниште.
Погледнете дел од фотографиите: