Отворено тажно писмо на Кристина Ковач: „Доктори“ се распаднаа

Иако сите веруваа дека по многу долго време конечно ќе имаме машки бенд на Балканот кој ќе прави спектакуларни концерти и ќе ги освојува срцата на тинејџерките, веројатно желбите ќе се одложат до некоја следна прилика.

otvoreno-tazno-pismo-na-kristina-kovac-doktori-se-raspadnaa-02.jpg

Момчињата кои одлично беа синхронизирани, функционираа како едно, барем на сцената на „Х-фактор“, беа омилените „Доктори“, кои веројатно не успеаја да ги излечат меѓусебните и личните проблеми, за да останат заедно.

Откако уште на почетокот почнаа гласините за тоа кој со кого не се согласува, се трудеа да не го покажат тоа, но постепено еден по еден почнале да го напуштаат бендот. На крај не останува ништо друго, освен секој да продолжи по својот пат.

Сепак, нивната менторка, Кристина Ковач која беше една од најпосветените за да успее нивната кариера, објави свое отворено писмо на Фејсбук, каде ги открива сите причини, чувства, желби и разочарувања, како официјално обраќање до сите фанови.

„Драги фанови,

Иако знам дека ова ќе предизвика бум во медиумите, чувствувам дека е моја обврска да ве известам, дека по повеќемесечниот труд да направам кариера за бендот „Доктори“,  на мое огромно жалење, бендот „Доктори“ повеќе не постои.

Додека се трудев  да им обезбедам шанса за успешна кариера дојдов до понуда на една од водечките светски дискографски куќи (со претставништво во Србија и регионот) за „Доктори“ да потпишат ексклузивен договор за снимање песни со можност за албум кој таа куќа би ги финансирала и би ги третирала како свој бр. 1 приоритет.

Вам, нивните фанови, ви должам објаснување зашто дојде до распад на бендот.

Еден од членовите го напушти бендот веднаш по завршувањето на „Х-Фактор“, без никаква желба за да продолжи понатаму, дури и кога дозна каква шанса има бендот со таа интернационална компанија.

Друг член, во еден момент, според мојата проценка и проценка на остатокот од бендот, започна да се однесува несоодветно со оглед на тоа што е дел од бенд, ставајќи ги своите интереси пред интересите на бендот. Тогаш јас, признавам на основа на досегашното искуство во музиката, реков дека нема да работам повеќе со нив.

И покрај сето тоа, дискографската куќа има желба да работи со нив и да пристапи кон разговори и преговори за потпишување договор со остатокот од групата „Доктори“.

Без оглед на таа среќна околност, трет член од „Доктори“деновиве ми соопшти дека тоа не му делува како добра идеја и дека тој ќе се посвети на свои песни и на своја соло кариера.

Јас морам да ви кажам дека сум многу тажна поради сето ова, но и разочарана.

И во својот однос со „Доктори“ и во работата со нив секогаш имав интерес за групата која ми беше на прво место, вложив апсолутен максимум во работата со нив на „Х-Фактор“, верував во нив, ги поддржував, одвојував многу време за нив, да ги подготвувам за настапите, искрено многу повеќе од кој било ментор.

Криво ми е што неискуството и некој друг начин на согледување на работите го однесоа приматот над шансите кои се случуваат еднаш во животот. Особено ми е криво за последните двајца членови, кои според моето мислење беа највредните, најразбраните и во односот и во работата и најкоректни кон мене.

На сите им посакувам успешни кариери, да не го запостават својот талент, да работат вредно и посветено и да прават паметни потези. И брзо да учат, тоа ќе им биде потребно.

А со некои од нив, верувам дека ќе соработувам со големо задоволство.

Тажната менторка, К.“

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg