Кончита Вурст прошета по модната писта во Париз (фото)
- Детали
- петок, 11 јули 2014
Австриската пејачка и победничка на овогодинешната Евровизија, Кончита Вурст, го обожава вниманието кое и се посветува.
Познатиот креатор Жан Пол Готје бил толку воодушевен од брадестата жена што решил токму таа да ја затвори неговата ревија на модната недела во Париз.
Кончита на пистата прошета во црна венчаница украсена со црвени и златни детали. На главата имала вел и елегантни ракавици.
Затоа што секогаш има многу шминка, ни овој пат не беше поинаку. Кончита носеше огромни вештачки трепки и истакнати очи.
Готје, кој Кончита ја знае од порано, отворено признава дека е воодушевен од брадестата жена.
- Ова е вистинска жена за модната сцена, изјавил модниот креатор по ревијата.