Харпер Бекам полни 3 години, а веќе е најпопуларна мала модна икона (фото)

Едно од најубавите и најпопуларните дечиња на славните е малата Харпер на Викторија и Дејвид Бекам. Со оглед на тоа кои се нејзините родители и како изгледаат, не е воопшто чудно што таа го има најдоброто од нив претставено на себе.

harper-bekam-polni-3-godini-a-veke-e-najpopularna-mala-modna-ikona-01.fw

Уште од самото раѓање и при секое појавување, таа е едно од најфотографираните бебиња.

За уште поголемо воодушевување е нејзиниот моден детски стил од кој може да се забележи дека има мајка дизајнерка. Но, Харпер некако знае сето тоа да го носи на вистински начин. Сè што има на неа е добро одбрано и комбинирано, а често и од важни имиња потпишано.

Таа ја има привилегијата од најмали нозе да носи парчиња на Стела МекКартни, Вивиен Вествуд, Бонпоинт и секако, минијатурните верзии од брендот на нејзината мајка, Викторија Бекам.

Како ретко кој, таа на прв поглед ги освои симпатиите на познатата уредничка на „Вог“, Ана Винтур, присуствуваше на првата модна недела уште кога имаше два и пол месеци, а има и стотици објавени фотографии.

Најмногу освојува кога е во прегратките на својот татко Дејвид Бекам, кој гордо ја носи својата принцеза. Но, таа еднакво ужива и на спортските терени со него.

Викторија, пак, е горда на својата ќеркичка која веќе знае сама да направи одлични комбинации кои сака да ги носи или кога знае да ѝ даде добар коментар за некој изглед.

Дефинитивно, Харпер е вистинска мала модна икона, која за брзо време ќе напредува и ќе ги полни насловните страници на магазините.

Погледнете ги нејзините највпечатливи фотографии во текот на овие 3 години:

 

Би можело да ве интересира:

Фото-споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите мажи во профил? Бредли Купер, Бред Пит, Николас Кејџ – како изгледаат познатите мажи во профил? ...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg