Вака изгледа најпосакуваниот ерген во светот (фото)
- Детали
- вторник, 01 јули 2014
Актерот Џо Манганиело е избран за најпосакуваниот ерген на светот според списанието People.
Како што пишува магазинот, овој заводник знае што бара кај жените, но за жал сè уште не ја пронашол вистинската.
„Јас сум половина сицилијанец и сум многу страствен. Во моето тело струи врела крв, па ако не сакате луто, тогаш не сте вистинската жена за мене,“ изјавил згодниот актер.
Инаку, Џо е познат по улогата на секси врколак во серијата True Blood.
На прашањето кога конечно ќе се заљуби, овој 37-годишен актер изјавил:
„Може да почувствувам љубов на прва вечер, но тоа не тоа што го барам. Тоа треба да потрае.“
Џо зад себе остави многубројни ергени како што се Џаред Лето, Ашер, принцот Хари...