Пегави убавици: Тие не се срамат, туку ги истакнуваат пегите

Многу жени не сакаат да им се гледаат ситните дамки на лицето, па често ги покриваат со шминка. Исто така кога се во прашање познатите личности, многу од нив инсистираат фотографите да не им ги отстрануваат со Фотошоп. Ги сакаат и ги истакнуваат, а со тоа ја покажуваат и нивната разлика од другите на многу симпатичен начин.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-01

Погледнете кои се најубавите пегави дами во шоу бизнисот:

1. Џулиен Мур

Актерката Џулиен Мур пегите ги има уште како дете и на рацете, нозете и лицето. Дури и пријателите ја нарекувале „пегава јагода“. Оваа природна црвенокоса од својот прекар направила серијал книги. Често магазините ѝ ги отстрануваат пегите, но таа нема ништо против ниту да ѝ ги остават.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-1.jpg


2. Луси Лу

Не мора само црвенокосите и девојките со светол тен да имаат пеги. Азиската глумица Луси Лу е уште една дама која ги обожава своите пеги и не сака да ги прекрива со шминка. Таа вели дека пегите ѝ овозможуваат да има свој идентитет, а да не мора ништо да каже. Луѓето автоматски мислат дека сте забавна и отворена личност. Тоа е одлична порака за себе.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-2.jpg


3. Оливија Ман

Нејзината мајка е Кинескиња, а нејзиниот татко е белец, пегите се дел од неа и секогаш ги покажува. Ги прифаќа како дел од нејзината кожа и не сака да ги покрива.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-3.jpg


4. Рашида Џоунс

Глумица која се прослави со многу комедии. Таа потекнува од многу познато семејство каде нејзиниот татко Квинси Џоунс е црнец, а нејзината мајка Пеги Липтон е бела. Рашида има многу изразени пеги на носот кои со задоволство ги истакнува.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-4.jpg


5. Ема Вотсон

Ѕвездата на серијалот „Хари Потер“, Ема Вотсон има многу пеги бидејќи има прилично светол тен. Не сака често да користи шминка, бидејќи смета дека кожата треба да дише. Затоа често само нанесува крема со заштитен фактор.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-5.jpg


6. Жизел Бундшен

Бразилскиот супермодел, Жизел Бундшен често позира за магазините без грам шминка и истакнувајќи ги пегите на лицето. Ги сака и смета дека се многу секси.

pegavi-ubavici-tie-ne-se-sramat-tuku-gi-istaknuvaat-pegite-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Естетски хирург открива кои се маните на лицето на Анџелина Џоли што не може да се поправат „Жените ја сакаат Анџелина Џоли, а навистина не знам зошто“ – вели познат австра...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg