Оливија Палермо ја објави првата свадбена фотографија
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2014
Изминатава седмица Оливија тврдеше дека медиумите шпекулираат за нејзината венчавка, но пред само неколку дена ја објави првата свадбена фотографија.
Заедно со сопругот, германскиот модел Јоханес Хубл, Оливија сподели 2 фотографии со кратка порака:
„Навистина сакавме да го задржиме во потполна приватност овој ден и затоа решивме да уживаме со нашето семејство и само двајца пријатели. Бедфорд е прекрасно и романтично место.“
За својот посебен ден Оливија одбрала венчаница во два дела, со потпис на Каролина Херера. Во нејзин стил, венчаницата ја искомбинира со кобалтно сини чевли со потпис на Маноло Бланик.
Јоханес бил формално елегантен во бело одело со контрастна црна кравата.