По нив се вртеше цела Ибица: Кејт Мос и Наоми Кемпбел заедно на плажа (фото)
- Детали
- понеделник, 30 јуни 2014
Тие важат за најпознатите и најпосакуваните модели во шоу бизнисот, па не е ни чудо што цела Ибица им се воодушеви на идејата ова лето да го поминат заедно.
Овие две дами викендов се фотографирани како уживаат на сонце и пијат коктели на песочна плажа добро позната по незаборавните целодневни журки.
Наоми се одлучила за Долче и Габана црни бикини со дезен на ситни парички, додека нејзината колешка и долгогодишна пријателка носеше едноставен модел без прерамки.
Кејт Мос на Ибица пристигна заради фотосесијата за Вог, додека Наоми од неодамна реши да дизајнира сопствена модна линија.
А, слободното време и заработените милиони дефинитивно знаат како да ги потрошат: